Втор Национален саем за мед „Кичево 2013“

Втора година по ред  Кичево ќе биде домаќин на Националниот саем за мед Кичево 2013.За годинава најавено е присуство на над 20 излагачи од целата наша земја.Саемот ќе се одржи во деновите од 29 до 31 август во центарот на градот, каде ќе бидат поставени штандови.Грaѓаните при посетата на штандовите ,ќе можат да се снабдат и со првокласен домашен мед.

– На годинешниот саем ќе имаме над 20 излагачи од сите делови на земјава. Излагачите покрај природен мед, на своите штандови ќе ги презентираат и прополисот, матичниот млеч како и козметиката произведена на природна база. На саемот ќе бидат присутни и дистрибутери на опрема за пчеларство, кои ќе ги претстават помагалата за производство на мед, како центрифуги за цедење мед, восок, заштитни мрежи, сандаци за пчели и друга опрема. Во исто време ќе бидат одржани и повеќе едукативни работилници, а предавачи ќе бидат еминентни експерти од оваа област, како и првите луѓе на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – потсети Коста Галиманоски  , претседател на здружението за земјоделски производи „Виножито“ од Кичево.
Текст и фото: Зоран Антоски
Exit mobile version