Љупчо Ангелевски избран за нов секретар на општина Демир Хисар

Официјално, од денеска, на новата должност Секретар на Општина Демир Хисар стапи Љупчо Ангелевски, дипломиран правник од Демир Хисар.

Ангелевски беше избран во конкуренција од 3 кандидати, а по пат на јавен оглас. По професија е дипломиран правник, а на ова работно место доаѓа од Подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Демир Хисар каде што ја извршуваше функцијата Раководител.

Новоизбраниот секретар Љупчо Ангелевски и во претходни мандати ја извршуваше  оваа функција.

Exit mobile version