Кичевските средношколци помеѓу најдобрите во Македонија

Според објавената ранг листа на државни средни училишта од екстерните предмети од државната матура во јунискиот испитен рок 2013 година, О.С.У. “Мирко Милески” се наоѓа на 8-мо место од вкупно 95 рангирани средни училишта.

Тоа е одличен успех, како за учениците, така и за самите професори. Пред нашата гимназија се:  СОУ “Јосип Броз Тито” од Битола, СУГС Гимназија “Раде Јовчевски-Корчагин” од Скопје, СУГС Гимназија ,,Орце Николов”
од Скопје, ОСУ “Св.Климент Охридски” од Охрид, СУГС “Георги Димитров” од Скопје, ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов” од Скопје и  СУГСГим. ” Јосип Броз Тито” од Скопје.

Exit mobile version