ИД и Ал Нусра постигнаа договор за заеднички акции во Сирија

Лидерите на сунитските џихадистички групи, Ислсмска држава и Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда, минатата недела одржале средба во северна Сирија на која се договориле да ги запрат меѓусебните борби и да преземаат заеднички акции против противниците, соопшти претставник на сириската опозиција.

ИД и Ал Нусра повеќе од една година водеа жестоки борби за контрола над териториите во Сирија и за изборување доминантна позиција во бунтот против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според сирискиот опозициски претставник, средбата меѓу лидерите на двете групации се одржала на 2 ноември во селото Атареб западно од Алепо.

Експерти проценуваат дека евентуалното здружување на ИД и Ал Нусра ќе ги засили позицитте на џихадиситте во Сирија

Exit mobile version