Јанл’ш план мајко (50)

„Патот до пеколот секогаш е поплочен со најдобри намери“ ….рекол Шекспир. И желбите на нашите родители за успех, се секогаш со најдобри намери, иако понекогаш водат кон спротивното.
Починал таткото, па дел од богатство што го оставил во аманет на синовите, им го поделила мајка им со еден услов: за добиените 100 златници да даваат отчет 3 години по ред, на крајот од годината.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Првата година:
Првиот: од 100 ги направив 200 !
Вториот: од 100 ги направив 150 !
Третиот: План си има мајко !

Втората година:
Првиот: од 200 ги направив 400 !
Вториот: од 150 ги направив 225
Третиот: План си има мајко !

Третата година:
Првиот: од 400 ги направив 800 !
Вториот: од 225 ги направив 337 !
Третиот: ЈАНЛШ* ПЛАН МАЈКО !

Јанлш* од Турскиот јазик = лажлив, лажен …….

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version