Кичево повторно приклучено на преносната мрежа

Екипите на МЕПСО, по непрекината повеќе часовна работа во успеаја да ги санираат дефектите на 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.

Од Македонскиот електропреносен систем оператор информираат дека екипи на МЕПСО паралелно работат на подигнување на двата столба кои завчера беа оштетени од силното невреме на 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Кичево“ и „Осломеј“.

– Со оглед на динамиката, се очекува за период од два до три дена целосно да се оспособи и стави под напон и втората 110 киловолтна врска со која Кичево е поврзано на преносната мрежа на МЕПСО, велат од компанијата.

Exit mobile version