Лозано: Новата евровизиска песна е по мој вкус

Откако „Империја“ беше отфрлена од нашиот избор за Песна на Евровизија,Дарко Димитров и Лазар Цветкоски подготвуваат нова композиција, која наскоро ќе можат да ја слушнат и нашите граѓани.

– Тандемот Цветкоски –Димитров како автори на музиката и аранжманот и Магдалена Цветкоска како текстописец, ја подготвуваат новата евровизиска песна, која сеуште нема име  и која јас и Есма ќе ја изведеме на овој фестивал. Ако „Империја“ од самиот старт беше прифатена со сомнеж, новата композиција е по мој вкус. Сметам дека брзо ќе биде прифатена од нашите слушатели , музичката критика и секако од големиот евровизиски аудиториум.Новата песна ќе биде готова деновиве , најдоцна до 18 март, до кога е последниот датум за нејзина финализација, ни рече Влатко Лозаноски.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version