100 години од почетокот на Првата Балканска Војна

Денес се набележуваат 100 години од почетокот на Првата Балканска Војна во која балканските држави Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора со поддршка на европските сили и објавија војна на Османлиската империја и ја принудија на повлекување до линијата Енос-Мидија. Османлиската империја ги владееше овие простори од 14 век.

Во Македонија борбите главно беа водени од четите на ВМРО кои потоа продолжија во доброволното гонење на турската војска се до Едрене верувајќи во добрите намери на Балканските сојузници кои се покажаа како неточни.

На еден говор на Јане Сандански во Солун, при споменувањето на слободна Македонија бил нападнат од присутните офицери.

Крајната цел на оваа војна, покрај протерувањето на Османлиите била поделбата на Македонија која се реализирала наредната година со потпишувањето на Букурешкиот мировен договор кој бил еднаков со катастрофа за македонскиот народ. Овие војни предизвикале најголем погром за Македонците и се најтешкиот настан во македонската историја. Последиците од него бил геноцид и денационализација на Македонците од страна на Грција, Бугарија и Србија.

Голем број на Македонци со муслиманска вероисповед биле насилно депортирани во Турција, каде нивните потомци до ден денес живеат и ги паметат своите корени.

Војната предизвикала егзодус и на турското население кое се нашло на удар на сојузничките војски.

Во првата балканска војна загинале или биле повредени околу половина милион луѓе. Во војната учествувале над 1 милион војници од двете страни.

За време на оваа војна се одиграла и Кичевската битка на 4 ноември 1912 година.

Букурешкиот мировен договор е со траење од 100 години и истекуванаредната година.

Exit mobile version