Специјален елек за прегратки на „Фејсбук“

Група студенти од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) произвеле специјален елек кој се надувува кога за објавената содржина од некој корисник на социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе се кликне опцијата „Ми се допаѓа“ (Like).

На овој начин се симулира прегратка испратена до оној кој ја објавил содржината.

Направата ЛАХ (Like-A-Hug) содржи мал безжичен конектиран вентилатор.

Со притиснување на елекот и негово издувување, корисникот може да одговори на „прегратката“ на испраќачот, акј и тој го носи овој специјален елек.

Exit mobile version