Црква Свети Ѓорѓи во Лазоровци

Постои традиција дека село Лазоровци е многу старо село. За староста на селото говори и црквата Св. Ѓорѓија, која сеуште постои и активно учествува во верскиот живот на селото.


Реконструираната црква (горе). Старата црква (долу) е вметната и заштитена во новиот објект

Сместена е над селото, а постојат податоци дека е изградена кон крајот на 16 век или почетокот на 17 век. Во склоп на црквата се наоѓаат и селските гробишта. Покрај црквата се наоѓаат стари гробови (кои датираат од Османлискиот период) на кои пишува дека покојните не умреле од природна смрт, туку напротив безмилосно биле убивани од страна на Арнаутите.

Црквата е широка 2,5 метри, долга е 4,2 метри а висината во највисокиот дел изнесува 3,5 метри. Ѕидовите се градени од камен и варов малтер, а покривот со камени плочи (камен лиска). Покривот е граден на две води, а под нив се наоѓа слој на земја која ја чува внатрешната темература постојано на 18 степени Цезиусови. Ова придонело се до денешен ден да се зачува фрескоживописот.

Фрескоживописот е од периодот на постанокот на црквата Св. Ѓорѓија, која е најстара зачувана црква во Кичевско. Ѓоѓе Мано Зиси го споменива селото Лазоровци и кажува дека во црквичката се наоѓал запис во кој се споменувал Кралот Тврдко и жена му. Тома Смиљаниќ-Брдина исто така соопштува дека во селото Лазоровци постои црквичка која според него потекнува од времето на Цар Лазар и дека има ктиторски натпис од 1371 година.

Иконостасот е изработен во 19 век а фреските на ѕидот потекнуаат од 17 век. На нив се прикажани дванаесетте Апостоли.

Гробови и фрески со приказ на македоско сонце. Постари се од 150 години.

На најголемиот дел од нив се забележуваат оштетувања за кои итно треба да се интервенира од страна на конзерваторите за де заштити барем тоа што е останато. Фрескоживопис имало и на предниот дел на влезот во црквата. Меѓутоа, при изградбата на трпезаријата тој во голема мерка е оштетен.

Престолна столица на фреската над влезот на црквата Св. Ѓорѓија село Лазоровци
Есхимата е симбол на монасите, есхимата се цртала лево и десно на влезот од црквата. Постарите селани а и според некои податоци на месноста попова вода одма над селото имало монашка ќелија

Слика 1) Соцето насликано на ѕидовите на црквата 2) реконструкција на истото 3) симболот на Армијата на Република Македонија

Едно од најголемите црковни ѕвона во целата кичевија се наоѓа токму во камбанаријата на црквата. Камбанаријата е направена во 1936 година, а ѕвоното е донесено од Австрија.

Иконостасот е изработен во 19 век а фреските на ѕидот потекнуаат од 17 век. На нив се прикажани дванаесетте Апостоли. На најголемиот дел од нив се забележуваат оштетувања за кои итно треба да се интервенира од страна на конзерваторите за де заштити барем тоа што е останато. Фрескоживопис имало и на предниот дел на влезот во црквата. Меѓутоа, при изградбата на трпезаријата тој во голема мерка е оштетен.

Едно од најголемите црковни ѕвона во целата кичевија се наоѓа токму во камбанаријата на црквата. Камбанаријата е направена во 1936 година, а ѕвоното е донесено од Австрија. Црквата Св. Ѓорѓија во лето 2012 година е обновена и заштитена. Селото Лазоровци е од збиен тип и не е поделено на маала, затоа што е мало село. Сепак фамилијарните куќи се една до друга и повеќето се меѓусебно групирани.

 

Текст и Фото: Влатко Билески

Exit mobile version