Андреа Белеска избрана за најдобра мак-ракометарка на годината

Категории: Слајдер, Спорт

Beleska ZRK Metalurg

Кичевчанката Андреа Белеска е избрана за најдобра македонска ракометарка за 2014 година. Изборот го организираше спортскиот портал МакРакомет, а читателита имаа можност да го дадат својот глас во неколку категории од 8-ми до 21 декември.

Нивниот избор во категоријата „Најдобра мак-ракометарка што игра во Македонија“ беше Андреа Белеска (Металург) која победи со 1586 гласови, само 4 повеќе од второпласираната Симона Стојановска (Вардар).

Во останатите категории победници беа: Мирјета Бајрамовска која игра за „Крим“ (Најдобра мак-ракометарка што игра во странство), Стојанче Стоилов од Вардар (Најдобар мак-ракометар што игра во Македонија) и Кире Лазаров од Барселона (Најдобар мак-ракометар што игра во странство).

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,