Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики

Категории: Македонија

Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител.

Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј. Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното тихување. Подоцна се замонаши во еден манастир на Олимп, во Мала Азија и помина 50 години во подвиг. Од Бога доби големи дарови: ги лечеше сите маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, преминуваше преку вода како по суво, ги предвидуваше идните настани. Проживеа 94 години и мирно се успокои во Господа, во 846 година.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: