Лабаво Лавабо денес го промовира својот прв кавер

Денес бендот Лабаво Лавабо ја прави својата интернет промоција на својот прв кавер на култната Niggas in Paris – Jay Z & Kanye West. Ова е нивниот прв видео запис.

Лабаво Лавабо е кавер бенд кој постои од 2010 година. Бендот го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон). Во текот на трите години постоење, гордо можат да се пофалат дека имаат преку 250 настапи низ целата држава.

Моментално работат на авторски материјал, за кој нема многу да откриваме, освен тоа што нивниот прв сингл можеме да го очекуваме многу, многу скоро време.

Лабаво Лавабо: Facebook, Youtube, @

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)