Турците повторно се интересираат за демирхисарското железо

Категории: Македонија

Четиричлена турска стопанска делегација предводена од нашиот амбасадор во Република Турција, Горан Тасковски, за неполна една година повторно дојде во Демир Хисар – информираат од општината. Турските бизнисмени, како и нивниот претходник, пратеникот во Турското Собрание Осман Ајдин, се интересираа за рудните резерви на општината. Поточно, за неискористените рудни резерви на поранешниот рудник за железна руда кај Сопотница – Жван.

На средбата што градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски ја организира  со магистер Јордан Манасиев, познат стручњак од областа на геологијата и долгогодишен раководител на рудникот, гостите од Турција детално беа запознати со резервите на неексплоатираните рудни наоѓалишта, експерските истражувања за квалитетот на видот на рудата и расположивата инфраструктура.

Од средбата произлезе договор, многу скоро Турците да испратат свој стручен тим кој заедно со геологот Манасиев, детално ќе го разгледаат и проучат елаборатот од извршените геолошки истражувања за рудните резерви на овој басен кој е извршен и постои во архивите на стариот рудник, а во краен случај, изразија и подготвеност, по добивањето на потребните дозволи, да извршат посебни геолошки истражувања со ангажирање на сопствени стручни лица и соодветна специјална механизација за оваа намена.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,