Бришење на христијанското минато: Уште една византиска црква во Турција ќе биде претворена во џамија

Категории: Свет

Црквата Света Софија во Трабзон

На 5-ти јули муфтијата на Трабзон (Р. Турција) се собра заедно со група граѓани на првата петочна молитва во светиот месец Рамазан, но не во џамија, туку во стара Византиска црква, Света Софија во Трабзон. Собирот бил симболично одбележување на освојувањето на овој стар грчки град на Црното море во 1462 година од страна на турскиот султан Мехмед II Освојувачот на Константинопол, денес Истанбул (1453 година). Освојувањето на византиската престолнина султанот го одбележал со претворање на црквата Света Софија во џамија.

Оваа црква, Света Софија во Трабзон, е помала од онаа во Истанбул. Но по своите фрески и величествен поглед од морето, оваа црква од 13 век е еден од најдобрите примери на византиската архитектура. Како и другите христијански споменици во Турција, така и оваа црква во Трабзон стана симбол на судирот помеѓу секуларистите и исламистите. Била претворена во џамија во 16 век, а во 1964 заедно со други споменици, прогласена за музеј. Но исламистите ја добија последната битка во 2012 година кога еден локален суд го прифатил барањето од страна на Генералниот директорат на едно владино тело надлежно за џамиите од историско значење во Турција дека „Света Софија во Трабзон била „илегално окупирана“ од министерството за култура на Република Турција“

Оваа одлука изненадувачки предизвика огромен гнев во градот кој инаку е познат по своите ултра-националистички ставови. “Станува збор за бришење на христијанско минато и заживување Отоманизмот” вели еден локален историчар. „Има доволно џамии во Трабзон, половина од нив се празни, во што е потребата од ова?“ вели Зеки Бакар, локален советник. Сепак, барањето е донесено до негова реализација.

Како и да е, владата на исламистичката „партија на Правдата и Развојот“ врши конверзија за време на месецот Рамазан. Црвен килим ги покрива прекрасните подни мозаици, додека прекривки и тенди под централната купола ги „штитат“ муслиманските верници од “грешните” слики на Света Троица. Во дворот кој некогаш бил прекрасна градина уредена со антички скулптури, сега е поставена метална чешма и пластични столови.

Внатрешноста на Света Софија во Трабзон

Фрески во Света Софија во Трабзон

Фрески на централната купола на црквата Света Софија во Трабзон

Остатоци од величествените мозаици на црквта Света Софија во Трабзон

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics