Дехари започна да брка Македонци од работа

Категории: Кичево

Четири од пет вработени со договор на дело во кичевската противпожарна служба добиле отказ од градоначлникот Фатмир Дехари, објавува Дневник повикувајќи се на свои извори.

Како што пишува весникот, сите отпуштени се Македонци, додека нивниот колега Албанец си го задржал работното место. Покрај овие, отпуштени си и уште десет административци во Кичево, сите исто така Македонци.

-Утрово курир од општината на четворица од петмина вработени со договор на дело ни подели отказни решенија. Евидентно е дека новиот градоначалник откази дели по етничка основа зашто само колегата Албанец не доби отказ. Веднаш отидовме кај градоначалникот да ни образложи зошто ни престанува работниот однос. Дехари културно ни рече дека општината е во долгови и оти не може да не исплати – велат отпуштените од Противпожарната единица на Kичево за Дневник.

Од заедничката советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Дневник велат дека се разочарани од ваквиот однос на градоначлникот.

-Разочарани сме од односот на градоначалникот Дехари, кој наместо да ги негува меѓуетничките односи, брка од работа Македонци. Сметавме дека Дехари ќе ги оствари најавите за нови инвестиции, а не дека ќе брка од работа – вели Ѓорѓија Сајкоски.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,