Константинаполската Патријаршија купи црква од 8 век

Митрополит Бурски Епилдофор соопшти дека Конастантинополската Патријаршија во понеделникот,  на 10-ти септември, купила древна византиска црква од 8 век.

Црквата посветена на св. архангели Михаил и Гаврил, позната како Таксиархон (на грчки) или Басмелеклер (на турски) се смета за трета најстара црква во светот. Во 789 г. ја изградил византискиот цар Константин Порфирогенит и се наоѓа во Бурса, западната област на Турција. Нејзиниот поранешен сопственик, фирмата Тексен, во 2007 г. ја дала на продажба за 400 000 долари.

Патријаршијата околу древната црква изградила ограда и капија. „Има три клучеви од капијата“, рече Митрополитот, „два се кај нас, а третиот го дадовме во селото Кумјака, за тие кои сакаат да можат да ја посетат црквата“.

Неговото Високопреосвештенство рече дека Патријаршијата планира што поскоро да ја обнови црквата. „Сакаме да ја обновиме оваа историска градба во нејзината првобитна слава, за да може да го заземе местото меѓу другите историски градби, кои ја разубавуваат Бурса“, рече тој.

Старешината на селото Кумјака, Рамиз Батмаз, рече дека тоа што Митрополитот му го предал клучот од црквата покажува дека Патријаршијата има доверба во него.