Тешка сообраќајка кај Зајас, едно лице загина

Вчера околу 17. 25 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Зајас се случила сообраќајна незгода.

Како што соопштуваат од МВР сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторцикл „Јамаха“ со швајцарски регистерски таблички управуван од Шабан Ц. (43) од Кичево, патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со охридски  регистерски таблички  управувано од  К. И. (50) од с.Зајас и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски  регистерски таблички управувано од А. Ш. (32) од Скопје.

Во   незгодата  на лице место починал Шабан Ц.. Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од полициската станица Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)