Илинденските настани во кичевијата низ фотографии и документи

Во фоајето на Центарот за култура во Кичево а по повод двата Илиндени, поместена е изложба на фотографии и документи насловена како„ Кичево и кичевско за време на Илинеднскиот период“.

На изложбата претставени се вкупно 52 фотографии и документи, кои на автентичен начин ја доловуваат Илинденската епопеја во овој крај, кој е премалку експониран од страна на македонската историографија и наука.Оваа изложба трае три дена и граѓаните на Кичево и гостите во градот, истата ќе можат да ја посетат уште утре-3 август.

Текст и фото: Зоран Антоски