8-ми меѓународен детски фолклорен фестивал

На платото пред Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево синоќа почна 8.  „Кичево 2012“. Отворањето го проследија голем број посетители,  одушевени од програмата која понуди песни и ора.

Директорката на фестивалот Сузана Тасевска изјави дека учествуваат културно-уметничките друштва „Долна Обрешка“ од Иваниќ, Хрватска,  и „Врело Раковац“ од Србија, и неколку од Македонија: „Шпреса“ од струшко Велешта, „Китка  Ореовица“ од Радовиш, „Брвеница“ од Брвеница  и „Младост“, „Нико Пусоски“, „Рацин“  и „Бисер“ од Кичево.

Фестивалот се одржува под покровителство на кичевскиот градоначалник Благоја Деспотоски кој организира прием за учесниците. Ќе трае до 16  август, а изведби на ора и песни ќе има во вечерите од 20.30 часот на платото пред Домот  на културата „Кочо Рацин“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.