Американски компании заинтересирани за инвестирање во ТИРЗ Кичево

Американски компании покажале особена заинтересираност за инвестирање во ТИРЗ Кичево при презентацијата на економските можности на министерот за економија, Ваљон Сараќини, во САД.

Компаниите се интересирале за можностите кои ги нуди слободната економска зона која се гради крај Кичево и нејзин развој со анимирање американски компании кои дел од својот бизнис би префрлиле токму во оваа зона, користејќи ги овозможените поволности за инвестирање.

Министерот при посетата имал средба со наши иселеници кои ги охрабрил да се вклучат во иницијативата „Македонија 2025“, со што би се поттикнале инвестициските процеси од нивна страна во Република Македонија.