Годинава по трет пат „Белички средби“

На 14 јули, во недела, по трет пат во селото Белица (кичевска) ќе се одржи манифестацијата „Белички средби 2013“.

Свечениот почеток е во 12 часот, со свечено пуштање на обновената „селска чешма на венчаните“, култно и значајно место за луѓето од ова село. По пуштањето на чешмата следи прошетка низ селото.

Дружењето ќе продолжи кај „Беличката палата“ каде ќе има поставени шанкови со скара и пијалок, а од 17 часот почнува богата културно-уметничка програма.

Организатор на „Беличките средби“ е Здружението за развој на месната заедница на село Белица кое е главен инспиратор и носител на многу активности кои полека но сигурно го враќаат животот во ова печалбарско село.

На настанот се добредојдени сите граѓани.