Во четврток и петок ќе се прска против инсекти – заштитете ги пчелите

Во четврток и петок, 15-ти и 16-ти август 2013 година, тим од  Центарот за јавно здравје – Битола ќе извршат целосна интервенција (од земја) – теренско прскање за дезинсекција од комарци.

Прскањето ќе започне во 20 часот ULV апарат поставен на пикап возило и ќе трае до раните утрински часови.

Се известуваат сите пчелари во наведените датуми (четврток и петок, 15-ти и 16-ти август 2013 година) соодветно да ги заштитат пчелните семејства.