Филхармонијата гостува во Кичево

Овој четврток кичевчани ќе имаат можност во живо да ја слушнат Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев. Филхармонијата ќе настапи во Центарот за култура „Кочо Рацин“ со почеток во 20.30 часот.

Пред публиката ќе бидат изведени дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Како солист ќе се претстави талентираната македонска сопранистка Гонца Богоромова.

Македонската филхармонија оваа година својата концертна сезона ќе ја заврши со традиционалниот концерт „Види музика, слушни слика, добиј книга“, под мотото „Диско-фивер“, што ќе се одржи во Градски парк во Скопје на 20 јуни.

Влезот е бесплатен.