ФОТО: Свечена церемонија во кичевската касарна „Чеде Филиповски – Даме“

Вчера во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево се одржа воена церемонија по повод враќањето на контингентот од мировната мисија ИСАФ во Авганистан која е од составот на 4. Механизиран пешадиски баталјон од 1. Механизирана пешадиска бригада, популарните „Леопарди“, кои ја извршуваа должноста во периодот јули 2012 – јануари 2013 година.

Контингентот кој беше во состав од 150 припадници во механизираната чета, најстар национален претставник, 2 штабни офицери и 5 припадници на менторскиот тим кои ја извршуваа должноста во Мазар е Шариф. На воената церемонија присуствуваа ЗНГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски, началникот на штабот во ЗОК, бригаден генерал Мухамет Рацај, командантот на 1. мпбр, бригадниот генерал Стојан Димчов, како и голем број на останати претставници од локалната самоуправа, од претпријатијата во Кичево, претставници од верските заедници, роднини и пријатели на мировниците.

За време на извршување на задачите во склоп на мисијата, „Леопардите“ уште еднаш го потврдија високото ниво на професионалност успешно извршувајќи ги сите поставени задачи, пред сè обезбедувајќи го главниот штаб на ИСАФ во Кабул, за што неколкупати беа пофалени од највисокиот команден кадар во мисијата вклучувајќи го и командантот на ИСАФ, генералот Џон Ален.