Кичевските жени со празнични активности по повод Велигден

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ традиционално организира избор на: најукрасено Велигденско јајце, најукрасена Велигденска погача и најукрасена Велигденска торта и повикува што поголем број на кичевчанки да земат учество.

Изборот ќе се врши на втор ден Велигден-понеделик, во просториите на црквата Свети Апостоли Петар и Павле во Кичево. Почетокот на изборот ќе биде во 17,00 часот.

Секој заинтересиран за учеството на изборот треба да се пријави најдоцна два дена пред изборот, односно до Велика сабота во просториите на црквата Свети Апостоли Петар и Павле-Кичево. Пријавувањето за изборот е со пријавување на шифра на најукрасеното јајце, погача или торта.

Украсеното јајце, торта или погача се носи на денот на изборот и се поставува на одреденото место.