Интересен обичај: Кули од луѓе во Македонски Брод

Има еден интересен обичај кој се негува во Македонски Брод. Броѓани кажуваат дека датира од турско време. Го толкуваат како начин да се покаже отпор према турската власт. Еве што кажуваат:

– Велигденските кули претставуваат традиционална културна манифестација, а воедно и обичај кој се негува во Македонски Брод и датира уште од Османлиското ропство. Maкедонскиот православен народ за време на Османлиското ропоство бил доста угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите православни празници, ниту пак да ги извршува своите вообичаени обреди и обичаи за време на празниците. Длабоко исфрустрирани од овој начин на однесување, најугледните броѓани одлучиле да одат во Цариград кај султанот и со злато да откупат еден празник во годината кога ќе смеат слободно да празнуваат и најпосле да се почувствуваат гордо и среќно поради тоа што се христијани.
Како таков празник и голем ден тие го избрале вториот ден од големиот празник Велигден. Начинот на кој тие сакале да му покажат на поробителот колку се среќни на тој ден претставува една фантастична отслика на духовната сила која ја поседувале на овој нивен ден. Броѓани одлучиле да прават кули од луѓе кои се состојат од два реда со кои јасно ќе им покажат каде се наоѓаат на тој ден и буквално ќе стапнат врз вратот на поробителите (Османлиите).

Што сакале со ова да покажат луѓето од овие краеви, сепак останува загатка која треба да ја образложат етнолозите. Во секој случај интересен обичај, особено за оние кои доаѓаат од страна во ова мало градче со богата историја.

Повеќе слики, тука!