Напредок сруши уште една непријатна традиција

По триумфот над Силекс во Кратово пред две седмици, викендов Напредок сруши уште една непријатна традиција, и за првпат непоразен го напушти теренот на Шкендија во Тетово, на тој начин го задржа чекорот со водечката двојка на табелата.

И во антифудбалски услови какви што владееја во неделата во Тетово, на терен прекриен со вода и кал, Напредок покажа добар дел од својот играчки квалитети и не дозволи под Балтепе да продолжи непријатната серија порази.

Бочевски задоволен од освоениот бод, но свесен дека на ова гостување беше пропуштена одлична прилика да се освои целиот плен, бидејќи само десет минути ги делеа сино-белите од првата гостинска победа кај Шкендија во Тетово.

-И на тешкиот терен во Тетово одигравме добар натпревар поготово првото полувреме, кога сите линии во нашиот состав функционираа беспрекорно.И покрај можноста да дојдеме до трите бода, сепак мораме да бидеме задоволни и со нерешениот исход.Во вакви услови кои беа далеку од хумани и фудбалски, мораме високо да го вреднуваме освоениот бод, бидејќи не остава во трката за највисок пласман на табелата и ни ги одржува високите амбиции за оваа првенствена сезона а тоа е излез на европска сцена- рече Драган Бочески , тренерот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk