Задутре голем дел од Кичево ќе остане без вода

Поради отстранување на дефект на цевководот кај бензиската пумпа на Макпетрол, задутре, среда (26 јуни), ќе има прекин на водоснабдувањето во голем дел од градско подрачје.

Вода ќе има во делот на населбата Горица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 04:00 часот наутро па се до 12:00 часот (или порано) до кога ќе се санира дефектот.

Дефектот ќе биде искористен за замена на старата азбесна цевка Ф250 со нова пвц и ќе се приклучи на новиот водовод Ф400.

Од ЈП Комуналец апелираат на разбирање до граѓаните на Кичево.