„КУД“ Рацин гостува во Вевчани

Во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани од утре до 19 овој месец, Вевчани ќе биде домаќин на вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“.

 

Целта на фестивалот е да се презентира македонската духовна култура и традиција, но и запознавање со други култури и традиции, како и збогатување не само на туристичката понуда во Охридско-струшкиот регион, туку и на самото културно живеење на Вевчани во летниот период.

Културно уметничкото друштво „Рацин“ од Кичево гостува на вториот Меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“ во Вевчани.Фестивалот се случува во пресрет на Вевчанската слава Преображение Христово од каде доаѓа и името на фестивалот.

На годинашното издание, покрај КУД „Рацин“ најавено е учество на културно уметничкото друштво „Кралуш“ – Ступник, Хрватска, фолклорен ансамбал „Гајтан“ – Петрич, Бугарија, КУД „Бранко Радичевиќ“- Стара Пазова, Србија, КУД „Јени Јол“ – Скопје, КУД ,,Рацин“, – Кичево, КУД ,,Дримкол“ Вевчани, Етно бендот ,,Македонски Алтани“ – Скопје, Тамбурашки оркестар ,,Кралуш“, Загреб, Хрватска и пејачката група ,,Каданка“ од Вевчани.

Покрај сценско-уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната традиција, во рамки на фестивалот се одржува и научна вечер на тема „Знаеме ли што е тоа фолклор“ со Мирјана Мирчевска од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет од скопскиот Универзитет со цел да се даде и едукативен придонес за културата како најстара човечка одлика, како и да се потенцира нејзината важност за формирање на однесувањето на членовите во едно општество.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.