Топ 10 најголеми лапсуси на CNN (фото)

Категории: Занимливости, Магазин, Слајдер

Некогаш угледна и моќна мрежа, денес моќна, ама не и угледна. CNN не е тоа што беше, а нејзините вести освен што се гледаат со голма доза на сомнеж, често се мета на исмевање, најчесто поради елементарното непознавање на географијата. Неретко, информациите што ги пласираат се толку погрешни што во најмала рака предизвикуваат гнев кај цели општества.

#1 Минатонеделниот напад на синагога во Ерусалим

Известувајќи за овој нападот на синагогата во Ерусалим од 18 ноември, CNN информира дека се „убиени 4 Израелци и 2 Палестинци“ притоа испуштајќи да подвлечат дека двајцата Палестинци се напаѓачите. Дополнително, наместо синагога, CNN пишаа дека била нападната џамија во Ерусалим што предизвика бурни реакции кај Израелците.

B2t-16mCEAAJbGY

#2 CNN по грешка го „уби“ американскиот претседател

Известувајќи за нападот спрема Роберт О’Нил, специјалецот за кој се тврди дека го убил Осама Бин Ладен, CNN напиша дека специјалето „кој го убил Обама“. Насловот стоеше цела минута.

 #3 Шкотска гласаше со 110% излезност

На септемврискиот референдум на кој Шкотите гласаа за независност, CNN објави дека 58% биле “Против” независност, а 52% “За”. Вкупно 110%. Нашиот Амди Бајрам математички стигна само до 102%.

Bx1mgqNCEAAZ716

#4 Каде е Лондон?

Граѓаните на пристанишниот град Норфолк во Англија, според CNN цело време незнаеле дека живеат во Лондон.

BgBuFHwIQAADXuw

#5 А каде е Хонг Конг?

Ако Лондон го промаршија само за неколку стотини километри тоа би било „ситна“ грешка во споредба со промаршувањето на Хонг Конг кого го однесоа илјадници километри подалеку и на друг континент, во Јужна Америка. Мислам дека жителите не би имале ништо против замената на локациите.

cnn.si

Дека „добро“ ја баратаат и Европа, говори и оваа слика на која Кан е во Шпанија, Тулиз на Алпите, Стразбур во Баварија, Париз во Луксембург, Лил во Белгија…

#6 Оукленд е во Австралија

Нов Зеланд е убава земја. Ретко населена. Би била поретко населена ако нивниот најголем град, Оукленд не би бил на Нов Зеланд, туку во Австралија, како што објави CNN покривајќи ги новогодишните прослави ширум светот.

 #7 Кој е главен град на Малезија?

Куала Лумпур? Да! Што ако малезискиот главен град е во Индонезија?

BjPr_JQCUAAbTe-

#8 Градови во Украина

Дека се дробро упатени во внатрешните работи на Украина, говори и „доброто“ познавање на географијата на таа земја. Така, градот Славјанск од источна Украина го преместија на потопло, на полуостровот Крим на Црното Море.

cnn-map-ukraine-fail.si

9# Остај го Славјанск, туку кај беше таа Украина?

А Украина е под Хималаите, близу Пакистан.

ukraine-pakistan-cnn-mistake.si

10# Афричка географија

Пишувајќи за ширењето на епидемијата на Ебола, CNN ја премести Нигерија северно во Нигер. Кој им е крив што им се слични имињава?

BuV3TMmCMAIj5L6

PS – Како добро би се вклопил Артан Груби на CNN, a? :)

Grubi

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,