„Мирисот на огнот“ од кичевчанецот Никола Илијоски добитник на награда за најдобар расказ
Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ги објави наградените автори кои учестуваа на Конкурсот за краток расказ на слободна тема. Конкурсот и наградата е именувана по битолскиот писател и драмски автор Владимир Костов.
Во категоријата студенти награден е расказот со наслов „Мирисот на огнот“ од авторот Никола Илијоски, студент на Правен факултет – Кичево, додека во категоријата вработени наградата ја доби Гордана Стојаноска, асистент на Педагошкиот факултет во Битола, авторка на расказот „Русите коси во снегот“.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распиша и Конкурс за најдобар истражувачки труд и најдобар есеј, а право на учество имаат студенти на прв циклус студии во академската 2012/2013 година.
Конкурсот ќе трае до 30 септември, а за најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови ќе бидат доделени плакети и три парични награди од 10.000, 15.000 и 20.000 денари, информираат од секторот за односи со јавност при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.