Кичевската депонија – темпирана бомба

Категории: Кичево, Слајдер

Шеснаесет депонии во Македонија се оценети како високоризични, од кои четири мора итно да се санираат и да се затворат, се вели во Националната стратегија за управување отпад (2009-2015), пренесува Дневник. Меѓу нив и кичевската депонија.

Шеснаесет се средноризични, а 19 се со низок ризик за животната средина. Текстуално не е посочено кои депонии се со висок ризик, односно тие во Планот се претставени на една бледа лошо отпечатена карта како да било најбитно да се скријат од јавноста.

Според тоа што може да се види на картата, дури три високоризични депонии се во околината на Штип, (Kарбинци), една е во Свети Николе. Kако високоризични се означени и депониите во Радовиш, Муртино (Струмичко), Валандово, Гевгелија, Kрива Паланка, Гостивар, Kичево, Дебарца, Kрушево и во Охрид.

Иако Планот е донесен пред три години и надлежните знаат за високиот ризик за здравјето и околината, овие депонии досега ниту се затворени ниту се санирани.

Кичевската депонија, покрај тоа што е еден од поголемите загадувачи на воздухот и почвата, таа е главниот виновник за, речиси целосното, исчезнување на некои животински и растителни видови по течението на Зајашка и Велика река (Треска), како и честите помори на риби на кои сме сведоци со години.

Проблемот постои повеќе децении и можности за решенија има. Но исто така и многу препреки за решавање на овој горлив проблем.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,