ФОТО(И)СТОРИЈА: Најстарата фотографија на кичевските фудбалери

Категории: Слајдер, Фотоисторија

Потекнува од 1928 година. Ова досега е најстарата позната фотографија на кичевските фудбалери. Настанала само четири години откако во Кичево е донесена првата кожна фудбалска топка. Еден ден, навидум обичен ден, во месноста „Јурија“ кичевчани почнале да шутираат топка крпеница (топка од партали и чорапи) кој може да стигне подалеку. И… неочекувано, фудбалот станал опсесија на кичевчани. Оттогаш започнува една несекојдневна приказна која трае се до денес. Може да се снима цел филм за Оскар! Интересно е што на ова место две децении претходно кичевските комити го кренале востанието во Кичевско. Има некоја енергија која зрачи тука.

Клубот се викал СК „Јадран“. Од него од уште неколку градски клубови подоцна ќе се роди ФК Напредок. Бил формиран од службеници кои потекнувале од јадранското крајбрежје, па така го крстиле и клубот. Подоцна носеле црвени дресови со бели крагни. Сино – белата комбинација почнале да ја користат од 1946 година, тогаш како ФК Кичево.  Секоја чест за луѓето на сликата. Снимени се пред натпревар со гарнизонот во Кичево, во околината на денешниот стадион.

Голема благодарност до Душан Ристоски, авторот на капиталното дело: „Седум децении фудбал во Кичево – ФК Напредок 1928-1998“ објавено во 1998 година.

Во прв ред од лево надесно стојат: 1, 2, 3 – непознати, 4 Иван Софески – Копилот, 5,6,7 – непознати, 8 Славе Белески, 9 непознат, 10 Коце Наумоски – Шиндра, 11 непознат, 12 Јонче Србиноски – Овчарко, 13 непознат, 14 Благоја Стојаноски

Среден ред, клечат: Ѓоко Сретеноски и Борис Бунгуроски.

Седат: 1 непознат, 2 Владо Дебрчанец – Сотката, 3 Нико Пусоски, 4 непознат, 5 Матиќ – воен старешина и претседател на клубот, 6 Диме Станкоски – Батемберг.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,