ФК Напредок: Судиските неправди веќе не се трпат

По вчера одиграниот натпревар со Ф.К.Вардар во Куманово имајќи ги во предвид сите случувања што во јавноста ги изнесуваат клубовите кои имаат поголеми буџети од нашиот клуб одлучивме да ја запознаеме пошироката јавност со следното:

-Напредок има рамноправен тим со сите тие големи клубови и игра одлично како на домашен така и на гостински терен па големите екипи вршат притисок со единствена цел да имаат корист.Се случи континуирано следново-Напредок во гости го загуби натпреварот со Металург во Скопје од гол кој судијата го призна а тој гол е од материјална повреда на правилата на фудбалската игра. На натпреварот во Турново со екипата на Хоризонт кој нашиот клуб го загуби со 1-0 со досуден пенал за домашните во 80 мин кој пенал до денес не може да се види заради што е досуден и нема снимка со која може да се докаже одлуката на судијата .

Вчера на натпреварот со Ф.К.Вардар повторно загубивме од пенал на кој му претходи офсајд ситуација па фаул врз нашиот играч наместо фаул за нас досуден е пенал за Вардар.

Ова вака не може да продолжи. Кичево е фудбалски град и многубројните навивачи на клубот знаат што е фудбал и добро судење и оваа пракса некој да си поигрува со клубот,неговите резултати и рејтинг нема да дозволиме да продолжи.

Од бордот на директори-

Извршен директор -Васе Мирчески

Спортски директор-