Кадетите на Напредок однесоа победа над Гостивар

Во натпревар со две различни полувремиња, кадетите на ФК Напредок успеаја да се изборат за победа на гостувањето во Гостивар. Иако на полувреме се замина со негатива од еден гол, второто полувреме му припадна на Напредок. Со головите на Пеце Мирчески и Димитар Димоски, сино-белите однесоа победа над гостиварчани.

По оваа победа, кичевчани се на третата позиција на табелата.

Состав:

Д.Милошески Б.Богојевски, М.Мојсовски, Ф.Димитриоски, О.Митрески, Ж.Стаматоски, А.Велкоски, П.Мирчески(капитен), С.Таироски, Б.Врангала, Д.Димоски. Жолт картон: Б.Врангала

Следниот меч е градското дерби: Напредок – Влазрими.