Голема карпа се одрони на Барбарас

Вчера околу 17 часот на патниот правец од планинскиот превој Барбарас кон Македонски Брод, во должина од 3 метри се одрони поголема карпа и падна на патот. Поради тоа ообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Екипи работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.