KSS SAFETY SYSTEMS отвора фабрика во Кичево – 1000 нови вработувања

Американската компанија Key Safety Systems (KSS) и официјално отвора фабрика во Кичево, објави на својата facebook страна премиерот Никола Груевски.

Во објавата Груевски го пренесува официјалното соопштение на KSS до јавноста во кое и официјално се потврдува дека компанијата ќе ја реализира својата инвестиција оваа есен.

Официјалното соопштение на КСС со кое се најавува инвестицијата во Кичево

КСС наведуваат дека најпрво ќе започнат со работа во еден од погоните на затворените фабрики, додека паралелно ќе се гради нивната фабрика во ТИРЗ Кичево која со работа ќе стартува со производство кон средината на 2015 година. Вкупниот број на директни вработувања треба да достигне 1000.

КСС е лидер во производството на сигурносни елементи за автомобилската индустрија и има околу 9000 вработени во неколку фабрики низ светот. Една од нив ќе биде и таа во Кичево. Оваа инвестиција заедно со започнувањето на изградбата на автопатот кон Охрид драстично ќе ја подобри лошата слика со невработеноста во нашиот град.