МВР поднесе кривични против кичевски крадци

Поради постоење основи на сомнение дека сториле 21 казнено дело тешка кражба, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против пет полнолетни и две малолетни лица, сите од Кичево.

Пријавените една тешка кражба сториле кон крајот на септември минатата година, а другите 20 во периодот од јануари до април оваа година. Тие користеле подесен алат и прибор за разбивање влезни врати и прозорци, како и физичка сила. На тој начин пријавените влегле во фризерски салон, спортска сала, пекарница, повеќе бутици, продавница за автоделови, берберници, повеќе сендвичарници, како и во неколку куќи во Кичево и во продавници во селото Другово.

Притоа одзеле пари, златен накит, техничка стока, колонијални и прехранбени производи. Со извршувањето на казнените дела пријавените стекнале противправна имотна корист од 176.000 денари.