ФОТО: Голем одрон на патот меѓу Извор и Подвис

Голем одрон од околу 70 метри кубни го блокира патот Кичево – Охрид,  меѓу селата Извор и Подвис.

Одронот ги има зафатено двете сообраќајни ленти. Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од сообраќајна полиција.

Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и на целосна нормализација на сообраќајот.

 

Извор: Курир

ФОТО: Сител