Олимпијада за деца со посебни потреби во Кичево

Во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево денеска се одржа олимпијда за деца со посебни потреби. Учестуваа деца со посебни потреби од целиот кичевски регион и нивните врсници од детските градинки, на возраст од пет и шест години. Децата се натпреваруваа во четри дициплини: игра со јаже, наменски игри, кошарка и прецизни удари.

Оваа олимпијада ја организираше светската хуманитарна организација „Лајонс клуб Интернешнал -дистрикт 132 Македонија“, со поддршка од Центарот за социјални работи во Кичево и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Олимпијадата под  мотото „Се за деца“, ја отвори Џавит Мехмеди, како одговорен за реализација на овој проект. Изрази задоволство што е дел од оваа спортска манифестација.

– Особено ми е драго што барем за миг ќе им го разубавиме денот на овие прекрасни дечиња кои навистина имаат потреба да се чувствуват како и сите останати деца, рече Мехмеди.

Организаторот најави дека наскоро ќе се организира  и олимпијада за оваа категорија деца на републичко ниво.