ФОТО: Кичево видено низ објективот на Бојан

„Дали можеш да го видиш светот онака како што јас го гледам?“ Можеби сте го слушнале прашањето, можеби и вам лично ви било поставено. Луѓето кои имаат потреба да ја пренесат сликата на светото кој го гледаат или го сликаат, или го опејуваат или го фотографираат.

Бојан Велески е млад фотограф, фотографира од хоби (видете: http://www.facebook.com/photographyvb). Со својот Canon го раскажува она што го гледа. Го пренесува својот поглед за неговиот град Кичево. Фотографиите кои ги прави можат да ви доловат сосема поинаква димензија за просторот по кој, вообичаено, секој ден се движите, а никогаш не сте го забележале. Мудар човек рекол дека убавината е насекаде околу нас. Треба само да ја откриете. Секој човек ќе си ја претстави на свој начин и никој нема да згреши.

На овие 9 фотографии се претставени неколку места од Кичево видени низ објективот на Бојан. Вели дека дека најчесто сака да слика природа и макро фотографии. Размислува да се обиде со портрети. Многу успех, го има талентот, нека продолжи.

Патот за Крушино
Китино Кале
Железничка
Ламели
Фонтана ламели
Кнежино
Дом на АРМ
Фонтана ламели
Китно Кале