Закани за Македонците во Пустец: Одете си! Ова е Албанија!

Припадници на албанската ултранационалистичка  со автобуси и автомобили вчера упаднале во дворот на општината Пустец, во средното училиште во истиот град и во повеќе села во Мала Преспа каде што вршеле тероризирање и заплашување на месното македонско население извикувајќи “Ова е Албанија“, “Ова е албанска земја“, “Надвор од Албанија“ – пренесува на телевизијата Канал 5

За среќа, биле избегнати физички пресметки и поголеми инциденти, а градоначалникот на Пустец на известил и полицијата, но полицајци не се појавиле. Градоначалникот Едмонд Темелко најостро го осуди нападот според кој бил добро организиран од државата за да се изврши притисок врз Македонците кои живеат во овој дел од Албанија.

– Најостро го осудуваме упадот на ултранационалистите од Црвено-црната Алијанса во Албанија во општината Пустец и областа Мала Преспа, чија цел на демонстрација беше јавен притисок и психички терор врз Македонците со навредливи националистички пароли. Најстрашното е што беа добро организирани и следени од сите медиуми во Албанија, заедно дојдени, речиси дваесетина медиуми со камери, кои ги придружуваа во овој вандализам. Сметаме дека и присуството на албанските медиуми е дел од овој организиран упад во Мала Преспа. Има индиции дека оваа демонстрација е организирана од државата заради притисок врз македонското население и институциите на општина Пустец. Ги известивме канцеларијата на ОБСЕ во Тирана, Државната комисија за антидискриминација и комесарот за антидискриминација. Ова е вторпат како се обраќаме до Државната комисија за антидискирминација, првиот пат беше во врска со еден напис во медиумите против Македонците во Албанија, меѓутоа вчерашната демонстрација е сериозен упад врз правата и слободите на граѓаните на Албанија и малцинските права на Македонците, – изјави градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.

Албанските медиуми кои организирано пристигнале да го следат настанот објавиле дека сите улични табли и сообраќајни знаци биле испишани само на македонски јазик, иако било видно дека сите се напишани и на албански и на македонски јазик, со претходна дозвола на надлежните власти.

Претседателот на унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија Васил Стерјовски побара од албанските власти да ги казнат вандалите кои предизвикале материјална штета во општината.

– Од албанските власти бараме казна за сторителите на овој вандализам на ултранационалистите од Црвено-црната Алијанса кои ги осквернавија информативните табли во средното училиште, болницата и по улиците, како и сообраќајните знаци во општина Пустец, – изјави Стерјовски.