Посетено спомен обележјето на Лопушник каде загина Коста Солев Рацин

Денес, 13 јуни, денот кога пред седум децении под мистериозни околности загина големиот македонски поет и револуционер Коста Солев Рацин, беше одбележан со посетата на планината Лопушник и местото каде во тоа јунско попладне згасна животот на големиот поет.

На спомен обележјето беа положени букети свежо цвеќе одстрана на родниот град Велес, преставници на општина Кичево, Здружение на борците од НОБ, политички партии,резервни воени старешини и поддржувачи на делото на Рацин. Претставникот на родниот град Велес, Др. Петар Саздов во своето обраќање до присутните  меѓу другото рече:

-Велес и велешани не ја кријат гордоста што го имаат Рацина за свој. Напротив со радост ја делат неговата мисла, идеа, стих со сите оние што го слават и почитуваат. Космополитноста на Рацин ги создаде Рациновите средби. Пиететот кон него не носи кон овие планински беспаќа, за да му покажеме дека е жив без оглед на физичката смрт. Им благодарам на домаќините што ни овозможија и овој пат да дојдеме на Лопушник и да почувствуваме колку може да биде блиску вистината, а сепак да не можеш да ја дофатиш. Ви упатуваме голема
благодарност од општина Велес на сите Вас.

Зоран Антоски-Кичево