Ревијална изложба на расни кучиња по втор пат во Кичево

Оваа година, по втор пат ќе се одржи ревијалната изложба на расни кучиња во организација на кинолошкото друштво „Ав-Ав“ од Кичево.

Изложбата ќе се одржи на терените од правниот факултет во Кичево (Дом на АРМ) во сабота, 14-ти септември. Околу условите за учеството можете да се информирате на следниот линк: http://kdkicevo.com/дома/. Пријавувањето се врши и по електронски пат.

Најдобрите кучиња ќе бидат наградени. Генерален спонзор на излозбата е DOG FOOD – BRIT, Купи миленик  и KSM – Кинолошки сојуз на Македонија