ФОТО(И)СТОРИЈА: Првите ученици од училиштето во Подвис

Првите ученици на училиштето во село Подвис, сликани за време на прославата „50 години од првото училиште на Македонски јазик“. Училиштето започнало со работа само 6 дена по ослободувањето на Кичево, на слободната територија. Каков храбар чекор бил тоа. Им пркосел како на завојувачите, така и на денационализаторските пропаганди. Тоа е првото училиште во современа Македонија на која се учело на Македонски јазик.  Првиот учител бил Лазарески Василко. За прв пат по скоро четири децении дечињата од овие краеви можеле да учат на својот мајчин јазик. Подвис ја продолжил традицијата на манастирот Света Богородица Пречиста каде учениците се образувале на народен говор.

 

Од лево кон десно: Борка, Олгица Софронијоска, Ратка Вељаноска, Благоја Павлески, Ѓурѓа Божиноска, Витомир Попоски.

Седнати од лево кон десно: Милорад Попоски, Драге Дамјаноски, Методија Србиноски, Стамболе Божиноски, Иван Филипоски

Благодарност до Весна Стефаноска

за испратената фотографија