Белица го празнува големиот празник Александрија, посветен на Св. Александар

Кичевска Белица, утре, сабота, 26 мај со богата програма го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар. 

Празнувањето започнува уште од вечерва кога жени ќе одат кај малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат. На денот на празнувањето, 26 мај, во црквичето ќе се одржи утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започне народна веселба со музичка група. За оваа веселба е обезбедена храна и пијалаци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

 

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала. 

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време. Постои претпоставка токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.