Ученици од Кичево дел од манифестацијата „Охрид трчаТ“

Повеќе од 200 ученици од основните училишта од Охрид, Дебрца, Струга и Кичево учествуваа на училишната трка која е дел од „Трките на различностите“, а во склоп на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Најдобрите и најбрзите на трката ги награди градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, а организираторот ги изненади со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“, кој ќе се одржи на 3 јуни.
„На наше големо задоволство покрај основните училишта од Охрид на нашата покана позитивно ја прифатија и основите училишта од Дебца, Струга и Кичево. Натпреварувачкиот рекреативен дел помина во добра и позитивна атмосфера, што нас како организиратори прво ни дава мотив за предизвиците кои ни престојат во последните денови до главниот настан. Ние како организиратори одлучивме да ги изненадиме најдобрите и да ги наградиме со бесплатен ваучер за учество на „Охрид трчаТ“, изјави Катерина Бујароска-Ангелеска.

Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2.јуни и ќе биде најава за главниот настан се спроведени од страна на асоцијацијата „Спорт за сите-сите за Спорт“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид, а е поддржана од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ „Креативни и активни“ од Струга.

Победници:

Женска конкуренција:

1. Марија Шипинкоска (ОУ Христо Узунов)

2. Драгана Усовиќ (ОУ Христо Узунов)

3. Александра Петреска (ОУ Браќа Миладиновци – Струга)

Машка конкуренција:

1. Филип Ѓоргоски (ОУ Христо Узунов)

2. Атанас Куциноски (ОУ Христо Узунов)

3. Климент Филев (ОУ Климент Охридски)