Кичевските мрчатори ќе мрчат секоја недела

Неколку млади ентузијасти формираа online радио станица наречена Xtreme радио (радио Кичево) која, засега, ќе функционира неколку часа, секоја Недела (ден недела). Освен музика, во терминот од 21.00 часот ќе се емитува емисијата „Кичевски мрчатори“.

За сефте, оваа недела (6 октомври 2013), тема на емисијата ќе биде: Кичевски Rock and Roll (подем и пад). Гостин во емисијата  ќе биде Дарко Лазески (Вокал на кичевскиот бенд Армагедон). Во останатиот дел од емисијата: избирање најавтентични статуси од Фб ТОП 10 Листа на најдобри Песни…

За да ја слушате, кликнете на линков во тој термин: http://37.59.11.208:8080/listen.pls, ќе ви се отвори соодветен плеер на компјутерот и слушајте. Со среќа!