Директно од World Mobile Congress во Барселона #2

Intel беа по генерални, некако не се дирекно инволвирани во мибилната тeхнологија како Samsung, Apple и други, но тие всушност се секогаш присутни од позадина, затоа што овозможуваат хардверска поддршка во голема мера, процесори и слично.

На нивниот штанд имаше слика од мобилниот еко-систем како што тие го гледаат, и се залагаат за уште поголема присутност во овој еко-систем. Заради тоа имаа и повеќе мини штандови на кој што се презентираа најразлични нивни иновации поврзани со мобилната технологија.

Sony го представија Sony Xperia З и Sony Xperia Tablet З. Инвентивното кај нив беше што двата уреди се водоотпорни.

Alcatel го претставија Alcatel One Touch Idol X и Alcatel One Touch Star.

Една од поконтроверзните најави на овој конгрес беше презентирањето на мобилен оперативен систем од Mozilla Firefox OS, кај кој што се форсира HTML5 како технологија, па тука се наметнува прашањето колку овој уред ќе биде функционален, колку ќе биде функционален без интернет, и дали воопшто на пазарот има потреба од усте еден играч во борбата за дел од колачот што сега го имаат Samsung, Apple, Google.

Но не само Mozilla, исто така и Ubuntu пред извесно време го претставија Ubuntu оперативниот систем за паметни телефони. Дали Mozilla и Ubuntu ќе успеат да се приближат на веќе големите играчи, останува да видиме.

Ние моментлно учестуваме на Samsung Developer Day, настан организиран од Samsung на кој што се зборува за технологии и новости поврзани со развивачите на апликации за Samsung уреди. Претставници од Samsung и неговите партнерски компании како Flipboard, досега зборуваа за партнерствата со Samsung, што се им се овозможува на развивачите, кои алатки им се достапни итн…

Завчера исто така имав можност за краток разговор со основачот на Foursquare (Dennis Crowley), веднаш по неговото интервју за CNN, на кратко разговаравме околу имплементирање на новитетите во Foursquare. неговото видување беше дека сега се на една “стабилна” патека, и дека повеќе ќе се фокусираат на добивање “нешто” од корисниците отколку имплементирање, т.е. давање “нешто” на корисниците, затоа што се голема компанија и тешко е да се имплементира новост, и како таа ќе биде прифатена од корисниците.

Дополнително во текот на завчерашниот ден беа одржани и GMA (Global Mobile Awards) Глобалните Награди за Мобилна технологија

Samsung Galaxy S3 ја освои наградата за најдобар паметен телефон со што само се потврди она што се случуваше во изминатиот период од кога истиот се појави на пазарот.

Наградата за најдобар таблет ја доби детето на Google и Asus =>Nexus 7.

Како најдобра апликација за потрошувачи, очекувано беше прогласена мобилната апликација на Facebook.

Како најдобра апликација избрана од страна на жирито беше апликацијата за навигација Wazе.

И конечно Samsung ја запечати изминатата година со изборот за најдобар производител на пазарот, најдобра мобилна инфраструктура како и извонредната мобилна технологија во која сто вложуваат и покажуваат успеси

Целата листа е достапна на следниов линк:

http://www.mobileworldcongress.com/global-mobile-awards/

 

* Претходно: World Mobile Congress во Барселона #1